1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови апарати и услуги во поликлиниката Чаир

Нови апарати и услуги во поликлиниката Чаир

cair poli 22

Поликлиниката Чаир во Скопје се поднови со ехо кардиограф, биохемиски анализатор и пет апарати за физикална терапија, а во понеделник во  работна посета на Поликлиниката беше министерот за здравство Никола Тодоров.

Според него, со новиот биохемиски анализатор двојно се зголемила можноста или капацитетот на давање лабораториски услуги, како и видот на услуги кои се даваат во Поликлиниката.

Новото ехо има и кардиолошка и абдоменална сонда со што за првпат се воведува оваа дијагностика во Поликлиниката во Чаир.

„Оваа поликлиника покрива 120.000 жители и со набавката на овие нови апарати се овозможува жителите од овој дел на градот да ги добиваат услугите многу поблиску до нивното место на живеење и да има што е можно помалку препраќања од Чаир во Градската општа болница или на клиниките. Со воведувањето на ехо кардиографијата токму тоа се прави ­ се растоваруваат Клиниката за кардиологија во Скопје и Градската општа болница „8 Септември““, рече Тодоров и додаде дека веќе се направени 300 вакви прегледи.

Во поликлиниката има 11 специјалисти, а од нив тројца се преземени од приватно во јавно здравство и тоа дерматовенеролог, интернист и специјалист по физикална терапија, додека две медицински сестри исто така дошле од приватното здравство.

Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ рече дека во 2015 година ја завршиле со 51.200 услуги од специјалистичко ниво, а за само првиот квартал од годинава со новата дијагностика која е воведена и кадровското зајакнување имаат 17.900 услуги.

Очекуваат годинава да ја завршат со најмалку 20.000 здравствени услуги.

Во лабораторијата има нов апарат од централната набавка на Министерството за здравство, поради што има 15 отсто повеќе лабораториски услуги, а сето тоа помага да има комплетна здравствена услуга за корисникот посебно за дијабетичарите бидејќи од февруари почна со работа и Центарот за дијабетес.

„Два пати неделно докторот има термин за дијабетичари каде ги води преку овој Центар со лабораториска анализа. Досега околу 280 пациенти се прегледани. Целта е доближување на овие услуги, комплетна обработка, бидејќи во 2015 година имаме високи 94 проценти на комплетно обработени пациенти на секундарно ниво во Здравствен дом Скопје“, додаде Баевска-Вучковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП