24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBitcoin e на добар пат да стане официјална валута за плаќање во...

Bitcoin e на добар пат да стане официјална валута за плаќање во ЕУ

bitcoin 335

Дигиталната парична валута наречена „Bitcoin“, со која се извршуваат интернет купувања во истоимената дигитална платна мрежа, штотуку доби важна лиценца од Европската унија.

Имено, откако оваа широко нејасна дигитална валута се најде во неколку хакерски скандали и така ја загуби својата вредност, ова со сигурност ќе ја врати на респектабилно ниво.

Министерството за финансии на Луксембург издаде лиценца со која се одобрува „Bitcoin“ да стане платежна валута внатре во целата Европска унија.

Но со оваа лиценца „Bitcoin“ ќе стане валута со која ќе може да се примени кај проценката на вредноста на добрата и услугите, како и за останатите физички валути. ЕУ со овој потег ќе добие увид во движењето на валутата, т.е. таа ќе остави свој белек, доколку европските челници имаат поголема контрола над парите.

Досега платежниот систем „Bitcoin“ се користи во некои држави, но неговиот пробив се покажа како голем предизвик.

Во САД тој се уште функционира во одвоени средини, зависно од финансиските уреди на сојузните држави, но оваа одлука на ЕУ сигурно ќе даде огромен интезитет. Ќе биде интересно да се следи како тоа ќе се одрази општо на светската економија и класичната размена на парите и добрата, какви што досега ги познаваме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП