20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ги избелите забите во домашни услови? (видео)

Како да ги избелите забите во домашни услови? (видео)

zubi

Со помош на само две состојки кои можете да ги набавите во секоја продавница, можете да ги избелите вашите заби…

Доколку вашата насмевка „потемнела“, покрај тоа што можете да одите на стоматолог, можете и да ги купите само овие две состојки и да се ослободите од жолтите заби.

Се што ви е потребно е кокосово масло и куркума. Помешајте го маслото и куркумата и ќе добиете паста. Тогаш добро втријте ја оваа паста на забите со помош на четка за заби и оставете ја да отстои пет минути. Исплакнете ја устата и измијте ја со обична паста за заби.

Во почетокот треба да бидете упорни и да ја користите оваа паста еднаш неделно. Имајте на ум дека колку подолго ја користите оваа техника, толку повеќе вашата насмевка ќе биде бела.

Куркумата е зачин кој освен во кујната се користи и во медицински цели. Таа помага во отстранувањето на забниот камен. За разлика од избелувачите кои се наоѓаат во пастата за заби, куркумата е природна и има антиоксидативни и противоспалителни дејства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП