18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе ги претекне САД како најголем светски извозник на пченица

Русија ќе ги претекне САД како најголем светски извозник на пченица

pcenicaaa2

САД некогаш беше најголемиот светски извозник на пченица, но лидерската позиција полека има ја превземаат Русија и Канада.

Причината за загубата на водечката позиција е силниот долар, стагнацијата на приносот, растот на конкуренцијата и климатските промени.

Според проценките на аналитичарите, американскиот извоз на пченица во сезоната која завршува на 31-ви мај би можела да порасне за 9,3 oтсто или 21,1 милиони метрички тони, тоа е најниското ниво од 1972-ра година.

„Повеќе нема да бидеме лидери во количината на извезена пченица“, изјави претседателот на американската Асоцијација на производители на пченица Алан Трејси, додавајќи дека единствена надеж за САД е зголемувањето на глобаната трговија со пченица.

Речиси 40 проценти од американската култура е за извоз, според податоците на американското министерство за земјоделство.

Бидејќи американската пченица повеќе не е лидер на глобалните пазари, американските земјоделци се повеќе се посветуваат на одгледување на пченка и соја.

Русија моментално е најголемиот извозник на пченица, и има монопол на пазарот на Блискиот исток.

Русија оваа година ќе прожнее 62,5 милиони метрички тони пченица, што е најголемата количина за осум години, според податоците на московскиот институт за земојделски пазарни студии (IKAR).

Богатата жетва во Русија би можела да го надокнади падот на производството во Украина за девет отсто или на 7,2 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП