19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи паднаа, доларот ослaбе

Азиските берзи паднаа, доларот ослaбе

berza azija 355

На азиските берзи во понеделникот цените на акциите паднаа, додека американскиот долар ослабе, бидејќи вложувачите се претпазливи пред седниците на челниците на американската и на јапонската централна банка.

На токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување по средноевропско време беше во минус од 0,6 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Хонгконг и Шангај паднаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто. Во Австралија поради празниците не се работи, па оттаму MSCI индексот азиски-пацифички акции, без јапонските, беше во минус од 0,4 отсто.

Токискиот Nikkei индексот е под притисокот од јакнењето на јенот, што лошо влијае врз јапонските извозници, но и поради тоа што инвеститорите одлучија да повлечат дел од заработките со пазарите, откако во петокот овој индекс го достигна највисокото ниво во последните 12 седмици.

Кон срединава од седмицава челниците на јапонската централна банка (Bank of Japan – BoJ), а можно е дополнително да ја олабават монетарната политика.

Во петокот агенцијата Bloomberg објави дека BoJ, доколку одлучи дополнително да ја зголеми негативната камата на прекуноќните депозити на банките, може да ја разгледа и примената на негативните каматни стапки на кредитите за банките. Меѓутоа, дел од инвеститорите сметаат дека BoJ може да ја остави непроменета монетарната политика додека сосема не биде анализирано влијанието на негативните каматни стапки на депозитите на банките, што го воведе кон крајот на јануари.

Во среда, пак, заседаваат и челниците на американската централна банка (Federal Reserve – Fed). Никој не очекува дека Fed уште сега ќе ги зголеми клучните каматни стапки, туку можеби дури во јуни. Но инвеститорите не се расположени позначително да ризикуваат пред пораките на банката.

Вложувачите се претпазливи и поради падот на цените на нафтата. По трите седмици раст, во понеделникот претпладнето на лондонскиот пазар цената на барелот се лизна за 1 отсто, на 44,66 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,3 отсто, на 43,15 долари.

А на валутните пазари американскиот долар во понеделникот претпладнето ослабе, откако минатата седмица неговиот курс кон јапонската валута скокна за 2,8 отсто. Така курсот на доларот се лиза на за 0,6 отсто, на 111,15 јени. Доларот ослабе и во однос на европската валута , за 0,2 отсто, па цената на еврото се движи околу 1,1245 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП