19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ го намали обемот на средства достапни за грчките банки

ЕЦБ го намали обемот на средства достапни за грчките банки

grcija evro 003

Европската централна банка (ЕЦБ) го намали лимитот за итни средства кои грчките банки можат да ги повлечат од националната централна банка за 0,5 милијарди евра, на 69,4 милијарди евра, соопшти Централната банка на Грција.

Ваквиот потег е одраз на подобрувањето на условите за ликвидност на грчкиот банкарски сектор, се наведува во соопштението на грчката централна банка, пренесува агенцијата Ројтерс.

Грчките банки од февруари 2015 година се потпираат на Итниот фонд на ЕЦБ за зачувување на ликвидноста (ELA), бидејќи ЕЦБ тогаш престана да ги прифаќа грчките обврзници како гаранција за кредитите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП