2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон е градот со највеќе милијардери во светот

Лондон е градот со највеќе милијардери во светот

London-1_tcm233-2111842

Со 77 милијардери Лондон се најде на врвот на листата на градовите со највеќе најбогати луѓе во светот, пишува The Sunday Times.

Зад Лондон следи Њујорк со 61 милијардер, па Сан Франциско со 57, Хонгконг со 49, Москва со 38, Лос Анџелес со 35 милијардери, Пекинг со 33 и Париз со 30 милијардери.

Поединечно според земјите, пак, најголем број на милијадери имаат САД со 378, пред Кина која има 193 милијардери, Велика Британија со 120, Германија 66, Индија 56, Франција 44, Русија 43 и Швајцарија 39, пренесува Hina.

Податоците објавени за Велика Британија покжауваат дека вкупното богатство пораснало на 355 милијарди фунти, односно 456 милијарди евра, додека во 2009-та година оваа бројка била околу 100 милијарди фунти. Вкупното богатство кое се наоѓа во рацете на илјада најбогати луѓе во земјата изнесува 576 милијарди фунти, што е повеќе од една четвртина од бруто домашниот производ (БДП) на Велика Британија.

За некој да се најде на листата на илјада најбогати луѓе во Британија, која е предводена од браќата Дејвид и Сајмон Рубен со 13,1 милијарда фунти, треба да поседува најмалку 103 милиони фунти, додека во 2009-та оваа бројка изнесуваше 55 милиони.

Британската кралица Елизабета Втора, со богатство проценето на 340 милиони фунти, се наоѓа на 319-то место меѓу најбогатите илјада во земјата. Најбогат помеѓу пејачите е Пол Маккартни, кој заедно со сопругата Ненси Шевел поседуваaт богатство од 760 милиони фунти, додека далеку зад него се Елтон Џон со 280 милиони фунти и Мик Џегер со 235 милиони фунти.

Најбогата пејачка под 30 години во Велика Британија е Адел, која сега поседува 85 милиони фунти, откако само за една година заработи 35 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП