3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАXiaomi MI-2S побрз од Galaxy S4

Xiaomi MI-2S побрз од Galaxy S4

xiaomi

Кинескиот производител на телефони „Xiaomi“ го претстави моделот „MI-2S“ за кој тврдат дека е побрз од „Samsung Galaxy S4“, а како доказ ги приложиле своите бенчмарк тестови.

„MI-2S“ поседува quad core Krait 300 процесор кој е подесен на 1.7GHz и судеќи по податоците кои ги претставија од компанијата побрз е од „Galaxyja S4“ кој поседува 1.9GHz Krait 300 CPU.

Новиот телефон доаѓа во две верзии со 32GB простор за складирање на податоците и камера од 13 мегапиксели со цена од 370 долари и верзијата со 16GB простор за складирање на податоците и камера од 8 мегапиксели со цена од 320 долари.

Покрај тоа „MI-2S“ има 4.3-инчен 720p екран, MIUI 5 кориснички интерфејс базиран на „Android“ 4.1, 2GB RAM и батерија од od 2.000mAh.

Единствен проблем за сите кои мислат дека би можеле да го користат овој телефон е тоа што „Xiaomi“ телефоните многу тешко може да се најдат надвор од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП