5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМекдоналдс ќе вработи 43.000 Французи

Мекдоналдс ќе вработи 43.000 Французи

mcdonalds

Најголемиот светски ланец ресторани за брза храна Мекдоналдс. во Франција до крајот на годината, ќе вработи околу 43.000 лица, што е за 3.000 повеќе од вработувањата во минатата година.

За таа цел, компанијата на 16 април во своите ресторани, во 150 градови во цела Франција, ќе организира промотивни активности во кои ќе бидат влучени 700 вработени, кои на посетителите ќе им ја откријат природата и привлечноста на професиите, од снабдувачи, келнери, работници во кујна, послужувачи, па се до менаџери или директори на ресторани.

Меѓу 69.000 вработени во францускиот Мекдонлдс, има многу млади лица и студенти, кои покрај тоа што имаат договор на неопределено време, остануваат краток временски рок да работат и потоа продолжуваат со своите студии, пишуваат француските медиуми.

Поради тоа, компанијата секоја година има потреба од обновување на своите кадри, така што за 2013 година, предвидува да вработи уште 43.000 вработени, од кои 80 проценти ќе бидат на неопределено време, додека преостанатите 20 проценти планирано е да работат на одредено време, во текот на летото и во туристичките области.

Во рестораните на Мекдоналдс во Франција просечната возраст на вработените изнесува 22 години, кај менаџерите 27, а кај директорите 35 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП