2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогати Британци првпат станаа браќата Рубен

Најбогати Британци првпат станаа браќата Рубен

ruben-sajmon

Најбогатите државјани на Велика Британија првпат станаа браќата Дејвид и Сајмон Рубен, чиешто богатство се проценува на 13,1 милијарди фунти, или 18,8 милијарди долари, пишува во неделата весникот The Sunday Times објавувајќи ја традиционалната листа на најбогатите жители на Обединетото Кралство.

Браќата се доселеници од Индија, коишто во Велика Британија се доселиле уште во 1950-те години. Според весникот, угледот во светот на бизнисот им го донесе учеството во ткн „алуминиумски војни“ во Русија во 1990-те. Главната активност на браќата Рубен се зделките на пазарот на недвижности, приватни инвестиции и фондови.

На второто место, со богатство од 13 милијарди фунти, или 18,7 милијарди долари, се исто така браќата имигранти од Индија – Шри и Голи Индуија (или Хиндуџа – во англиска транскрипција), кои се занимаваат со недвижности, вложувања во банкарскиот и ресторанскиот бизнис и со трговија со стоки за широка потрошувачка.

Трет на списокот е американскиот бизнисмен роден во некогашниот Советски сојуз, Леонард Блаватник, кој беше на чело на минатогодишното рангирање на најбогатите Британци. Неговата компанија „Access Industries“ се јавува како покривна за активите во сферата на природните ресурси, недвижности, медиуми и во музичката индустрија. Неговото богатство The Sunday Times го проценува на 16,68 милијарди долари.

Најголемиот пад во последните осум години го доживеал индискиот магнат Лакшми Митал, сопственикот на најголемата светска компанија за челик „ArcelorMittal“. Во 2008 година Митал беше на првото место на листата на најбогатите Британци со најголемото проценето богатство од 27,7 милијарди фунти, или 39,8 милијарди долари, откако The Sunday Times ја подготвува оваа листа, но поради тешката криза во металуршкиот сектор, неговото богатство сега е проценето на „само“ 7,12 милијади фунти, или 10.2 милијарди долари“. Со тоа тој е „исфрлен“ од десетката најбогати Британци, и се наоѓа на 11-то место.

Весникот обраќа внимание и на двајцата Руси со британски пасоши, сопственици на едни од најдобрите англиски клубови. Според процените, Алишер Усманов, еден од најголемите акционери во лондонски Арсенал е на 10-то место на листата со 10,9 милијарди долари, додека сопственикот на клубот од соседството Челзи, Роман Абрамович со 9,2 милијарди долари е на 13-то место. Притоа се истакнува дека богатството на Усманов, поради условите на светските пазари, во текот на една година загубил 3,16 милијарди долари, додека Абрамович – 1,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП