2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Ирска издвои околу 1,7 милијарди евра за владата

Централната банка на Ирска издвои околу 1,7 милијарди евра за владата

centralna banka irska 333

Централната банка на Ирска издвои околу 1,7 милијарди евра за плаќања кон владата. Тоа го тврдат лица за „Bloomnerg“, кои се запознаени со она што се случува.

Плаќањето, што се совпаѓа со минатогодишното, ќе се изврши од профитот на финансиската институција за 2015-та година, дополнуваат две лица кои посакале да останат анонимни, бидејќи извештајот се уште не е доведен за разгледување од Владата.

Деталите можат да бидат објавени најрано следната недела.

Централната банка ги продава вложувањата во обврзници поврзани со ликвидацијата на поранешната банка „Anglo Irish Bank Corp.“.

Министерот за финансии на Ирска, Мајкл Њуман овој месец рече дека продажбата на хартии од вредност од страна на централната банка се вршат порано спрема распоредот утврден при затворање на банката.

Вложенијата на централната банка во обврзници поврзани со ликвидацијата на банката изнесуваат 22 милијарди евра, откри Њуман. Во 2014-та година вложувањата во хартии од вредност се намалија до 24,5 милијарди евра, покажува годишниот извештај на централната банка за минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП