17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија повторно не е во можност да го намали буџетскиот дефицит

Шпанија повторно не е во можност да го намали буџетскиот дефицит

694558655571a60aa898bd567798430_w640

Шпанската влада ја зголеми прогнозата за буџетскиот дефицит за тековната година, од 2,8 проценти на 3,6 проценти од БДП.

Таа порача дека Шпанија нема да се спушти под официјалната цел на ЕУ од 3,0 проценти до 2017 година, што е една година подоцна од планираното.

Шпанското министерство за економија соопшти дека буџетскиот дефицит ќе падне на 2,9 проценти во 2017 година, пренесува агенцијата АП.

За прекумерната потрошувачка, владата во Мадрид ги обвинува автономните покраини, поради кои најави намалување на овогодишниот буџет за две милијарди евра.

Шпанија и минатата година го проби целниот буџетскиот дефицит, кој, како што пренесува агенцијата Франс прес, достигнал 5,0 проценти од БДП, што е значително повеќе во однос на првично планираните 4,2 проценти.

Тоа беше осма година по ред во која Шпанија го пробива зацртаниот буџетски дефицит, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП