Инфлацијата во Канада се забавува во март, поради тоа што најевтините горива го праќаат растот на потрошувачките цени на најниско ниво од октомври 2015-та година. Сепак вредностите се над пазарните очекувања, посочува „WBPonline“.
Инфлацијата е 1,3% на годишна основа во март, откако во февруари се забрза до 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Консензус прогноза на аналитичарите беше за раст од 1,2 отсто.
Истовремено податоците на Канадската централна банка за основната инфлација, кои ја исклучуваат осум компоненти, покажуваат забрзување од 1,9% до 2,1%, што го надминува целното ниво од 2 отсто. Најголем придонес за вредноста има растот на цените на месото.
Ниските цени на горивата вилијаат најмногу на вкупниот индекс на потрошувачките цени, поради тоа што се намалуваат за 13,6% на годишна основа во март.
Кога бензинот ќе се исклучи од калкулацијата, зголемувањето ќе беше 1,9%, наместо 1,3%.
Канаѓаните плаќале во март помалку за облека и чевли. Женска облека била за 1,8% поевтина во март во споредба со истиот месец од минатата година.
Од друга страна, со 3,6% пораст на цените на прехранбените производи. Ова зголемување сепак е помалку од растот во февруари. Само растот на цената на месото се забрзува до 3,2% – најостра стапка по четири месеци.
Повисоките цени на прехранбените производи ја поттикнуваат основната инфлација, бидејќи слабиот канадски долар ги зголемува цените на увезените производи. Позитивните ефекти од валутниот курс сепак се очекува да бледеаат подоцна во оваа година со обновување на цените на нафтата и камата на канадскиот долар. Од друга страна, повисоките цени на енергијата се очекува да ја поттикнат вкупната мерка при постигнување на целта од 2%.