2 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОгромен пад на продажбата и приходите на Caterpillar

Огромен пад на продажбата и приходите на Caterpillar

caterpillar23

Глобалната криза во рударскиот сектор и во градежништвото и нанесе сериозна штета на заработката на американската компанија „Caterpillar“ во првиот квартал.

Продажбата во светот и приходите на „Caterpillar“ во кварталот јануари-март од тековната година паднаа за 25,5 проценти, на 9,46 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Нето профтит во тој квартал изнесувал 271 милион долари или 46 центи по акција, што е значително помалку во однос на 1,25 милијарди долари во истиот период минатата година.

Компанијата, сепак, успеа трошоците од работењето да ги намали за 18,5 проценти, наведува АФП.

Продажбата опадна во сите четири географски региони во кои работи „Caterpillar“, при што најлоши резултати се остварени во Латинска Америка.

Најновиот скок на цените на суровините и благото забрзување на градежните активности во Кина, според зборовите на генералниот директор на компанијата Даг Оберхелман, се позитивен сигнал, но и покрај тоа, компанијата ќе ги намали прогнозите за продажата и приходите за 2016 година за околу два проценти, на 41 милијарда долари од претходните 42 милијарди долари.

После овие вести, акциите на „Caterpillar“ паднаа за 1,6 проценти, на 77,43 долари, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП