29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарија најголем увозник на храна

Швајцарија најголем увозник на храна

swiss1

Швајцарија која 48 проценти од потрошувачките прехрамбени производи ги покрива од увозот е најголемиот увозник по глава на жител во светот.

„Увозот на сточната храна во Швајцарија во последните години е зголемен за рекордни 50 проценти“, објаснува Френсис Егер, претставник на Здружението на швајцарските земјоделци во министерството за економија.

Швајцарија, 80 проценти од увозот на храна го подмирува од европскиот пазар, пред се од Германија, Франција и Италија.

Егер објаснува дека е потребна повеќе транспарентна и праведна рспределба на профитот од финалниот производ, бидејќи производителите на суровини и храна најчесто се оштетени.

„Граѓаните се лути кога во продавниците плаќаат поскапи прехрамбени производи, не знаејќи дека земјоделците и фармерите од тоа имаат најмала добивка“, објаснува претставникот на Здружението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП