19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците чекаат: Се поблиску деблокирањето и намалувањето на товарот

Грците чекаат: Се поблиску деблокирањето и намалувањето на товарот

1951705969571a34174e82c307741536_w640

Веќе наредниот четврток би можел да се одржи клучниот состанок на министрите од еврозоната за деблокадата на исплатата на помош за Атина и за можното намалување на товарот од грчкиот долг.

„Ако имаме пакет реформи, тогаш можеме да одржиме уште еден состанок со еврогрупата наредниот четврток со цел да ја завршиме првата ревизија за грчкиот пакет помош во износ од 86 милијарди долари“, изјави претседателот на еврогрупата Џерон Дајселблум на состанокот на министрите за финансии на еврозоната во Амстердам.

„Кога станува збор за Грција, значителен напредок е остварен и многу сме блиску до договор“, истакна Дајселблум, додавајќи дека е потребно да продолжиме со работа.

Лидерите на еврозоната, исто така, се согласија на разговорот за олеснување на товарот од грчкиот долг, откако официјална Атина ги исполни договорените обврски.

Истовремено во Атина се одржува состанок меѓу грчките официјални лица и претставниците на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, со цел завршување на одложувањето на ревизијата на пакетот помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП