22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследниот ден од неделава на Македонска берза промет од 3,8 милиони денари

Последниот ден од неделава на Македонска берза промет од 3,8 милиони денари

makedonska-berza-berzi-zvonce

Последниот ден од трговската седмица мина со вкупен промет на Македонската берза од 3.855.610 денари и реализирана вкупно количество од 2.480 акции преку 32 трансакции.

Само акцијата на Алкалоид АД Скопје имаше промет над 1,5 милиони денари со истргувани 309 акции преку 8 трансакции по просечна цена од 5.000 денари.

Најголем добитник на денот беше акцијата на Топлификација АД Скопје со раст на вредноста од 5,67 отсто, истргувани 19 акции преку две трансакции. Зад неа ја следеа акциите на Комерцијална банка АД Скопје со раст од 0,92 проценти и Макпетрол АД Скопје со раст од 0,82 отсто.

Спротивно од нив најголем пад на вредноста од -1,08 отсто со просечна цена од 460 денари забележа акцијата на Гранит АД Скопје, а по неа следеа акциите на РЖ Техничка контрола АД Скопје со пад од -1,03 отсто и просечна вредност на акцијата од 385 денари и акцијата на НЛБ Тутунска банка АД Скопје со пад -0,67 проценти и просечна вредност на акцијата од 7.400 денари.

Обврзниците за денационализација денес комплетно изостанаа од дневната листа.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со раст од 0,18 отсто и изнесуваше 1.751,60 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП