15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдбележан Денот на планетата Земја

Одбележан Денот на планетата Земја

drvo den zemja 33

Денот на планетата Земја – 22-ри Април беше одбележан денеска со повеќе манифестации.

На просторот околу Школката во Градскиот парк беа поставени три штанда, а волонтери-средношколци од средните училишта на Град Скопје на минувачите им делеа картички со еколошки пораки и семиња од босилек и од пркос.

Во зелениот појас пред Школката, пак, беа засадени шест зимзелени садници – туи.

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, по повод одбележувањето на светскиот Ден на Планетата Земја 2016, кој годинава се реализира под мотото „Дрвја за планетата Земја“, се приклучија кон активностите организирани во основното училиште „Партениј Зографски“ во Скопје, кое е прво енергетско училиште во Македонија.

Во дворот на училиштето, по засадувањето на дрвни садници, се одржаа три паралелни настани: предавање за климатските промени во Зелениот камион, интерактивна работилница за социјални иновации кои ги адресираат климатските предизвици и еколошка ликовна изложба на учениците од „Партениј Зографски“.

Активностите за садење се во склад со овогодинешната тема на светскиот Ден на Планетата Земја – Дрвја за планетата Земја, којa има за цел да мобилизира акции насекаде низ светот за засадување на приближно 8 милијарди дрвја до 2020 година – едно дрво за секој маж, жена и дете.

Настанот е организиран од УНДП и УСАИД, со подршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Шведска, Милеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП