8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Косово претставен туристичкиот потенцијал на Македонија

Во Косово претставен туристичкиот потенцијал на Македонија

kosovo-turizam

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) за прв пат учествува на интернационалниот саем за туризам во Косово, кој се одржува по осми пат, и е посетен од околу 15.000 гости.

Овие два дена, туристичката понуда на земјите од регионот се претставува на саемот за туризам “Travel Fair” во Приштина, Косово.

Покрај Косово, Албанија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Грција, и Италија ја покажа својата цврста верба во потенцијалот и ресурсите кои ги има регионов за развој на туризмот.

Околу 90 егзибитори и коегзибитори ја претставија својата програма, меѓу кои и Агенцијата за промоција и поддршка за туризмот со што го разбуди интересот на индивидуалните туристи за други туристички локации во Македонија, покрај добро познатите, за нив, поголеми градови.

Делегацијата од АППТ оствари средба со Претседателот на Асоцијацијата за алтернативен туризам, Баки Хоти кој гледа голем потенцијал во креирање на заеднички производ со кој би се претставил регионов на далечните пазари, но и за соработка на различни интернационални проекти за развој на туризмот во двете земји.

За време на саемот, претставници на АППТ се сретнаа и со претставници на тур-операторот EUROKOHA, со кои се разговараше за вметнување на Македонија во нивниот систем за резервирање и планирање на цело патување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП