17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија не се откажува од зголемување на ДДВ-то

Јапонија не се откажува од зголемување на ДДВ-то

japonija-japan-japan-japonski-ekonomija

Јапонскиот министер за економија Нобутеру Ишихара изјави денес дека нема промена во планот на владата да ја зголеми стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) на 10 проценти во април наредната година, освен во случај на избивање на голема финансиска криза или големи природни катастрофи.

Владата во Токио, како што наведе, на почетокот на мај ќе одлучи дали земјотресите на островот Кјушу можат да се квалификуваат како голема природна катастрофа, пренесува агенцијата Ројтерс.

На југозападот во Јапонија, островот Кјуши, на 14-април беше погоден од земјотрес со јачина до 6,5 степени од Рихтеровата скала, во кој најмалку девет луѓе загинаа, речиси 1.000 беа повредени, беа срушени многу куќи и беа оштетени сообраќајниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП