Бизнис активноста во еврозоната се забавува во април, покажуваат прелиминарните податоци на приватната истражувачка компанија „Markit“.
Единствениот индекс на менаџерите на договорите (PMI) се намалува од 53,1 поени во март до 53 поени овој месец, покажува истражувањето кое се базира на 85-90% од анкетите.
Резултатите покажуваат дека стапката на економска активност во почетокот на вториот квартал е помал од просекот во претходниот период и во 2015-та година како целина, пишува во извештајот.
Секоја вредност на индексот над 50 поени зборува за експанзија, а под 50 поени – за контракција.
„PMI“ индексот за активноста во сферата на услугите се зголемува од 53,1 поени во март до 53,2 поени во април. Во производствениот сектор во монетарната унија има благо намалување: од 51,6 до 51,5 поени.
Новите нарачки се зголемуваат до тримесечен врв, кој сепак е малку под просекот за 2015-та година.
„Економијата на еврозоната останува блокирана во период на слаб раст во април, а индексите сигнализираат раст на БДП од само 0,3% на почетокот на вториот квартал”, коментира Крис Вилијамсон, главен економист во „Markit“. „Неуспехот во ревитализација на бизнис очекувањата, откако ЕЦБ најави уште стимулации во почетокот на март, е големо разочарување и претпоставува дека умерената стапка на раст едвај ќе се забрза во следните месеци“, додава тој.
„Markit“ објави и одделни податоци за Франција и Германија. Во Франција активноста во секторот на производството се забавува уште повеќе: од 49,9 до 48,3 поени. Кај услугите има раст од 50,2 до 50,8 поени.
Активноста во германскиот производствен сектор се забрзува од 51 до 51,9 поени, а таа во сферата на услугите се забавува од 55,1 до 54,6 поени овој месец.
„Франција продолжува да тежи на регионот, при што извозот на стоки се намалува најмногу нагло од над три години. Германија и остатокот од Унијата се радуваат на постабилна експанзија, иако растот се забавува во април“, вели Вилијамсон.