17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен скок на Ericsson, но сепак под очекувањата

Силен скок на Ericsson, но сепак под очекувањата

ericsson2

Профитот на шведскиот производител на телекомуникациска опрема „Ericsson“ во првиот квартал скокна за 49 проценти, но таквите резултати и понатака се под очекувањата на аналитичарите.

Нето добивката на „Ericsson“ во првиот квартал достигна 1,97 милијарди круни (244 милиони долари), што е скок во однос на 1,4 милијарди круни од истиот период минатата година, а последица е од намалувањето на трошоците, пренесува агенцијата АП.

Продажбата паднала за два проценти, на 52,2 милијарди круни, и покрај слабите деловни резултати во Европа и на некои пазари во развој.

Заработката, сепак, била под очекувањата, поради што акциите на „Ericsson“ на берзата во Стокхолм паднаа за десет проценти, на 70,7 круни.

„Ericsson“, исто така, именуваше нови членови на извршниот тим и најави поделба на компанијата на пет деловни одделенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП