17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските индекси во пад, доларот слабее а нафтата расте

Азиските индекси во пад, доларот слабее а нафтата расте

aziski-berzi

На азиските берзи во петокот цените на акциите паднаа од највисоките нивоа во последните пет ипол месеци, бидејќи вложувачите се разочарани од деловните резултати на некои од најголемите американски компании.

На Токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус од 0,6 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Сингапур, Австралија, Шангај и Хонгконг паднаа меѓу 0,3 и 0,7 отсто. Поради тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските беше во минус од 0,6 отсто, откако во четвртокот го достигна највисокото ниво во пет ипол месеци. Во однос на почетокот на седмицава, пак, и натаму е во добивка од 0,5 отсто.

Лошото расположение меѓу инвеститорите е последица од четврточниот пад на цените на акциите на њујоршки Волстрит, поради послабите од очекуваните деловни квартални резултати на значајните американски компании. Така вчера цените на акциите на „Vissа“, „Starbucks“, „Microsoft“ и „Alphabet“ (Google) паднаа за повеќе од 4 отсто.

Утеха на вложувачите не им дава ниту растот на цените на нафтата. Во петокот претпладнето на лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,4 отсто, на 45,17 долари, па од почетокот на седмицата е во плус од 8,2 отсто. И на американскиот пазар во петокот претпладнето барелот поскапе за 1,4 отсто, на 43,78 долари, додека од почетокот на трговската седмица зајакна за 13 проценти. Откако во јануари потонаа на најниското ниво во последните 12 година, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 65 отсто, иако понудата сé уште е поголема од побарувачката.

А на валутните пазари е прекинат залетот на американскиот долар, па во петок неговиот курс во однос на јапонската валута се движи околу 109,40 јени, додека во четвртокот во истиот период од денот изнесуваше 109,75 јени. Доларот ослабе и во однос на европската валута, па цента на еврото порасна на 1,1305 долари, додека вчера изнесуваше 1,1295 долари.

Во четвртокот, по редовната седница на челниците на Европската централна банка (ECB), првиот човек Марио Драги изјави дека ќе го користи сето оружје коешто му стои на располагање додека тоа биде потребно за да се поттикне растот на економијата во еврозоната и да се сузбијат дефлаторните притисоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП