9 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит индексите во пад, вложувачите разочарани од деловните резултати

На Волстрит индексите во пад, вложувачите разочарани од деловните резултати

wall stre 33

На Волстрит во четвртокот цените на акциите паднаа, по трите дена раст, бидејќи вложувачите се разочарани од послабите од очекуваните деловни резултати на неколку значајни компании.

Индексот Dow Jones се лизна за 0,63 отсто, на 17.982 поени, додека индексот S&P 500 падна за 0,52 проценти, на 2.091 поен, а Nasdaq индексот загуби само 0,05 отсто, на 4.945 поени.

На вредноста во четвртокот загубија девет од десетте сектори на S&P 500 индексот, при што најмногу за 2,7 отсто, падна телекомуникацискиот сектор. Во овој сектор, најмногу, и тоа за 3,3 проценти, падна цената на акцијата на „Verizon“, бидејќи овој телекомуникациски гигант објави дека штрајкот на вработени веројатно ќе му ја намали добивката во сегашниот квартал.

Инвеститорите на претпазливост ги наведе и падот на цените на нафтата за околу 1 отсто, иако и натаму се движат околу највисоките нивоа во последните пет месеци.

Токму растот на цените на нафтата и слабеењето на доларот, што позитивно влијае врз американските извозни компании, последните денови го поттикнуваа растот на цените на акциите. Меѓутоа, се чини, вложувачите го губат трпението по прашањето на деловните резултати на компаниите кои не успеваат да ги надминат ниту многу намалените очекувања на аналитичарите.

Поради тоа, во четвртокот цената на акцијата на „Alphabet“, покривната компанија на „Google“, падна за повеќе од 5 отсто, а на „Microsoft“ за над 3 процента.

Од компаниите од составот на S&P 500 индексот, кои досега ги објавија деловните квартални резултати, 77 отсто ги надминаа очекувањата на аналитичарите во врска со заработките, што е повеќе од 63 отсто надминувања во вообичаеното прво тримесечје од годината.

Меѓутоа, аналитичарите вообичаено процената на заработките и приходите ги поставуваат многу ниско, бидејќи на тој начин им овозможуваат на компаниите полесно да ги надминат очекувањата и прогнозите, па така создаваат простор за раст на цените на нивните акции. Поради тоа цените на акциите последните денови растат, иако деловните резултати воопшто не се импресивни.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработката на компаниите од S&P 500 индексот во првиот квартал во просек паднале за 7,2 отсто во однос на истиот лански период. Приходите, пак, се проценува дека би можеле да бидат пониски за 1,4 отсто. Тоа би можело да биде последица на високиот курс на доларот, падот на цените на нафтата и забавувањето на растот на глобалната економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП