13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина изненади со буџетскиот суфицит

Атина изненади со буџетскиот суфицит

atina

Грција оствари примарен буџетски суфицит пред отплатата на долгот минатата година, што значи дека ја надминала целта од програмата за користење на странска финансиска помош, соопшти денес Европската комисија.

Портпаролот на Комисијата изјави дека Атина забележала примарен суфицит од 0,7 проценти од БДП во 2015 година.

„Тоа е во склад со основите на ЕУ и суштински подобро од фискалната цел од програмата, односно дефицитот од 0,25 проценти од БДП во 2015 година“, изјави портпаролот.

Состојбата на буџетот е клучен индикатор за проценка на реализацијата на третиот меѓународен финансиски пакет за Грција.

Владата во Атина се надева дека ќе може да ги избегне уште поострите мерки за штедење кои ги бара ММФ и кредиторите од ЕУ со цел постигнување на подобра буџетска позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП