9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМирен трговски ден на Македонската берза

Мирен трговски ден на Македонската берза

mak berza

На средината од седмицава, релативно мирен трговски ден на Македонската берза. Вкупен промет од 1.944.483 денари беше остварен во четвртокот преку 23 трансакции и истргувано количество од вкупно 1.383 акции.

Најголем промет од 537.750 денари беше реализиран преку три трансакции со 250 акции на Комерцијална банка АД Скопје по просечна цена од 2.151 денари.

На листата на губитници највисокото место со пад од 3,83 отсто го зазеде акцијата на Алкалоид АД Скопје и заврши на цена од 4.950 денари. Зад неа се рангираше акцијата на Телеком АД Скопје со пад од 1,65 отсто и просечна вредност на акцијата од 280,29 денари.

На врвот од листата на добитници се најде акцијата на Реплек АД Скопје со пораст од 3,00 отсто и истргувани 2 акции по просечна цена од 35.689 денари.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,54 отсто, и неговата вредност изнесуваше 1.748,41 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана на вредност од претходниот трговски ден од 128,86 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП