7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПетта скопска Ролеријада

Петта скопска Ролеријада

ролеријада

Под мотото „Возиме кон иднината“, во петок напладне по петти пат ќе се одржи скопската Ролеријада.

Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).

Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат сите основни училишта од градот и од околинатa со по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до деветто одделение. На Ролеријадата ќе бидат доделени по три награди за најуспешните ученици во машка и во женска категорија.

„Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, којашто има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна“, се вели во соопштението на организаторите, Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП