2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЖените заболени од рак на дојката кои се лекуваат со „Херцептин“ мора...

Жените заболени од рак на дојката кои се лекуваат со „Херцептин“ мора да го контролираат срцето

херцептин

Жените заболени од рак на дојката кои се лекуваат со трастузумаб мораат редовно да го контролираат срцето без разлика на возраста, покажува новата студија објавена во списанието Journal of Clinical Oncology.

Трастузумаб, на пазарот познат како Херцептин, значително го подобрил преживувањето на заболените од ракот на дојката. Меѓутоа, познато е дека носи ризик од конгестивно затајување на срцето, што е посебно изразено кога се користи со заедно со антрациклините, друг вид лекарства.

Трастузумаб е хуманизирано моноклонско антитело на HER2 протеинот што се користи за имунотерапија кај ракот на дојката. Неговата најважна нуспојава е кардиотоксичноста која најчесто се манифестира како реверзибилно намалување на контрактилноста на левите клетки. Меѓутоа, понекогаш болеста може да напредува до иреверзибилна дилетациска кардиомиопатија.

Поради тоа, насоките при лекувањето со Херцептиномот советуваат внимателно следење на повозрасните пациентки за кои се претпоставува дека имаат поголем ризик од срцеви болести.

„Иако ризикот е поголем кај повозрасните пациентки, постои значителен ризик од срцеви дејства и кај помладите. Резултатите од студијата укажуваат на потребата од подеднакво следење на можните срцеви дисфункции поврзани со терапијата кај помладите пациентки за кои досега се сметаше дека имаат помал ризик од кардиотоксичност која може да се развие поради лековите“, вели др Даглас Ли, еден од авторите на студијата и научник на Кардиоваскуларната истражувачка програма на Институтот за клинички евалуативни науки (ICES).

Студијата заедно ја работеле ICES, Срцевиот центар Петер Мунк, Центарот за истражувањето на срцето Тед Роџерс и Универзитетската здравствена мрежа (UHN). Научниците ги проучувале здравствените картони на 18.,450 жени во Онтарио, во Канада, кај кои бил дијагностициран рак на дојката во периодот меѓу 2007 и 2012 година. Просечната возраст на заболените жени била 54 години,а 79 отсто од пациентките биле помлади од 65 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП