Деликтите поврзани со перењето пари во Германија се многу пораширени отколку тоа што се очекуваше и се движат на годишно ниво на околу 100 милијарди евра, покажува извештајот на Министерството за финансии, објавен во четврток.

„Целокупниот волумен на перење пари во финансискиот сектор и надвор од него годишно се движи околу 100 милијарди евра, што е двојно повеќе од сумата од која досега се тргнуваше“, произлегува од студијата на универзитетот Halle-Wittenberg, направена врз налог на германското Министерство за финансии.
Само на подрачјето на тргување со недвижнини и уметнички дела годишниот број на деликти се проценува на 15 до 28 илјади случаи.
Студијата покажа дека Германија, како атрактивен инвестициски пазар, посебно е примамлива за операциите со перење пари.
Голем дел од испраните пари се со потекло од странство.
Студијата предлага подобра координација на контролата.