1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНагло намалување на продажбата на мало во Велика Британија

Нагло намалување на продажбата на мало во Велика Британија

mala prodazba vb

Продажбата на мало во Велика Британија во март го забележа најостриот пад во последниве две години. Изгледа британските потрошувачи станаа повнимателни во позадина на зголемената неизвесност пред референдумот за еврочленството на Обединетото Кралство.

Според податоците на Националната статистичка служба, продажбата на мало се намалуваат втор месец и падот е најголем од јануари 2014-та година. Покрај тоа намалувањето е поголемо од прогнозите на економистите.

Волумените со исклучок на горивото се намалува за 1,6% на месечна основа во однос на февруари, кога намалувањето беше 0,3%.

Широката мерка која ја вклучува колебливата продажба на горива, забележува опаѓање од 1,3 отсто на месечна основа.

Аналитичарите очекуваа падот кај основниот показател во март да е 0,3%, а кај широкиот – 0,1%.

Податоците за првиот квартал во однос на претходниот, покажува дека продажбата на мало без горивата расте за 0,9%, а во целина за 0,8%. Тоа е раст 28 месеци по ред.

На годишна основа, продажбата на мало без горивата расте за 1,8% во март во споредба со ревидираните 3,7 проценти раст во февруари. Вкупната продажба расте со 2,7% на годишна основа.

Иако инфлацијата во март беше 0,5% – далеку под целта на Англиската централна банка од 2%, корисниците изгледа се воздржуваат да потрошат поради несигурноста во економијата.

Податоци на статистичката служба од средата покажаа дека иако невработеноста останува на ниско ниво од 5,1% во трите месеци до февруари, луѓето кои бараат работа, се зголемуваат за прв пат од јули 2015-та година. Растот на платите останува слаб, а показателот, вклучувајќи ги бонуси, се намалува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП