19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМасовно се повлекуваат депозити од кипарските банки

Масовно се повлекуваат депозити од кипарските банки

banki-kipar

Централната банка на Кипар денеска пред парламентарната комисија достави список со имиња на 6.000 физички и правни лица кои повлекле депозити во висина од десетици милиони евра.

Повлечените пари биле испратени во странство. Повлекувањето на депозитите се случило од први до 15 март.

Претседателот на Комисијата Димитрис Силурис изјави дека имало случаи при што едно лице подигало пари од три до четири пати. Тој наведе дека е разочаран бидејќи извештајот се однесува само за 15 дена иако бил побаран извештај за една година.

Прашењето ќе се разгледува на средбата во четврток меѓу лидерите на политичките партии со претседателот на Парламентот, на која ќе се побара објаснување од раководството на Централната банка на Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП