16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаспар: Ниту евро не смее да се потроши без мене

Гаспар: Ниту евро не смее да се потроши без мене

D

Португалскиот министер за финансии Витор Гаспар денеска им порача на колегите од Владата дека „без негово знаење не смее да се потроши ниту евро“.

Португалската Влада се обидува да преземе дополнителни резови, откако Уставниот суд минатата недела ги прогласи за незаконски поединечни мерки на штедење, кои се вклучени во овогодинешниот државен буџет.

Тоа значи дека португалската Влада ќе мора на друго место да штеди, со цел да се намали буџетскиот дефицит.

Португалија доби помош од 78 милијарди евра од страна на меѓународните кредитори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП