25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSABMiller со раст од 7% на приходите во последниот квартал

SABMiller со раст од 7% на приходите во последниот квартал

sab miler 3535

Британскиот пивски гигант „SABMiller“ предвид 4% раст на обемот на продадено пиво за четвртото тримесечје од минатата година, откако инерцијата се зајакна во втората половина на финансиската година, соопштува „Ројтерс“.

Производителот на „Pilsner Urquell“, „Grolsch“ и „Peroni“ изјави дека неговите приходи се зголемиле за 7% во кварталот, кој заврши на 31-ви март, а обемот на продажба со 4%.

„Имаме силна година и зголемена инерција во втората половина во сите наши региони покрај економската нестабилност и потенцијалното расејување од понудата на „AB InBev““, изјави главниот извршен директор Алан Кларк во соопштението.

Компанијата не обезбеди ажурирани информации за претстојното стекнување од страна на „Anheuser-Busch InBev“, што се очекува да заврши во втората половина на годината.

Договорот за над 100 милијарди долари – еден од најголемите во корпоративната историја, се придвижи со чекор напред минатата недела, кога „AB InBev“ склучи договор со Јужна Африка, чија комисија за конкуренција се смета за една од најголемите пречки за трансакцијата.

Компанијата предвиде посилна продажба во Латинска Америка и Африка, што помогна да се компензираат послабите резултати во Европа и Северна Америка, каде што корисниците пијат помалку од најпопуларните пива кои „SAB“ и други пивари ги продаваат.

Во американските сметководствени стандарди (GAAP) приходите на „SAB“ за четвртиот квартал забележаа пад од 4% поради посилниот американски долар, кој ја намалил вредноста на меѓународните приходи.

Пријавени приходи за годината се за 8% пониски. Без влијание на валутата тие сепак предвидуваат раст од 5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП