6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ очекувано ја остави програмата за стимулации без промена

ЕЦБ очекувано ја остави програмата за стимулации без промена

ecb 3355

Европската централна банка (ЕЦБ) очекувано ги остави каматните стапки без промена на денешната седница. Пазарите не прогнозираа акција од страна на регулаторот, бидејќи на претходната средба во март Марио Драги и неговиот тим изненадија со широк спектар на мерки за поддршка на економијата.

Тогаш ЕЦБ ја намали уште повеќе депозитната камата – до -0,4 отсто, го прошири месечниот обем на купување средства од 60 на 80 милијарди евра и воведе нова кредитна линија евтини кредити за банките, за да ја стимулира инфлацијата во монетарната унија.

„На денешната седница Управниот одбор на ЕЦБ одлучи каматната стапка по главните операции за рефинансирање и каматните стапки на гарничното кредитно олеснување и депозитни олеснување да останат непроменети – односно 0,00%, 0,25% и -0,40%“, пишува во соопштението на сајтот на ЕЦБ.

Инвеститорите ќе следат внимателно пресконференцијата на Марио Драги. Се очекува тој да направи проценка за економијата и потрошувачките цени во еврозоната, како и да даде сигнали дали важечките мерки веќе имаат ефект.

Во студија од почетокот на оваа недела ЕЦБ вели дека состојбата со банкарските кредити во еврозоната е подобрена. „Стандардите кај корпоративните кредити се олеснети и побарувачката расте, охрабрени од ниските каматни стапки и од потребата од финансирање на инвестиции и трансакции“, пишува во извештајот.

Резултатите од истражувањето го поддржуваат тврдењето дека планот за поттик на банката има ефект.

Сепак на пресконференцијата се очекува вербален судир меѓу Драги и неговиот заменик Витор Констацио од една страна и новинарите од друга, бидејќи големата политика на олеснувања и претежно негативните каматни стапки стануваат контроверзни поради контроверзниот успех, коментира „WBPonline“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП