18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа азиските пазари акциите највисоко во пет месеци, доларот зајакна а нафтата...

На азиските пазари акциите највисоко во пет месеци, доларот зајакна а нафтата со стабилен раст

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На азиските берзи во четвртокот цените на акциите ги достигнаа највисоките нивоа во последните пет ипол месеци, најмногу благодарејќи на растот на цените на нафтата, бидејќи вложувачите се надеваат на намалување на расчекорот меѓу понудата и побарувачката.

На Токиската берза индексот Nikkei во претпладневното тргување по средноевропско време беше во плус повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Сингапур, Австралија и Хонгконг пораснаа меѓу 0,4 и 1,7 отсто. Благодарејќи на тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус од 0,6 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во речиси половина година.

Доброто расположение на пазарите дојде благодарејќи на вчерашниот благ, но сепак раст на цените на њујоршки Волстрит, и тоа трет ден со ред. Поддршка даде и стабилниот раст на цените на нафтата, иако во неделата пропадна обидот за договор меѓу најголемите светски производители за замрзнување на производството на нивото од првите два месеца од годинава. Сепак, инвеститорите се надеваат дека наскоро ќе се одржи новиот состанок на кој членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и некои нечленки на картелот би можеле да договорат начин за намалување на јазот меѓу понудата и побарувачката на „црното злато“.

Засега побарувачката уште е слаба, на што укажува и податокот од средата за растот на резервите од нафта во САД, дека тие минатата седмица пораснале помалку од очекуваното, па цените на нафтата пораснаа за околу 4 отсто. Иако во четвртокот утрото паднаа, цените на барелот сирова нафта и натаму се поголеми отколку што изнесуваа во средата во истиот период од денот. На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 44 центи, на 45,36 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 40 центи, на 43,78 долари.

Заедно со цените на нафтата, пораснаа и цените на другите сировини, па во четвртокот претпладнето зајакнаа и акциите во рударскиот сектор.

Најмногу порасна, за повеќе од 2 отсто, токискиот индекс Nikkei, благодарејќи и на слабеењето на јенот, што позитивно влијае врз акциите на јапонските извозници, бидејќи поради тоа расте конкурентноста на нивите производи на странските пазари.

А на валутните пазари американскиот долар во четвртокот претпладнето зајакна во однос на јапонската валута, па неговиот курс достигна 109,75 јени, додека претходниот ден во истиот период изнесуваше 108,90 јени. Доларот зајакна и во однос на европската валута, па цената не еврото се лизана на 1,1295 долари, дека вчера изнесуваше 1,1360 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП