20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар го намали кварталниот профит на Coca-Cola

Силниот долар го намали кварталниот профит на Coca-Cola

coca cola 3003

Профитот на американскиот производител на безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“ во првиот овогодишен квартал е намален поради падот на побарувачката во Европа и силниот долар кој ја намали вредноста на прометот на пазарите надвор од САД.

Нето профитот во кварталот завршно со 1-ви април изнесувал 1,5 милијарди долари, што е за 4,8 проценти пониско во однос на истиот квартал минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите на компанијата се намалени за четири проценти, на 10,3 милијарди долари, при што скокот на приходите во Северна Америка помогна да се неутрализира остриот пад во Латинска Америка, Евроазија и Африка, каде силниот долар ја нагриза вредноста на прометот.

„Coca-Cola“, според зборовите на генералниот директор на Мухтар Кент, добро се позиционирала „во светло на предизвикувачкото макро глобално опкружување“.

Заработката по акција во тој квартал изнесувала 45 центи, што е за пени повеќе во однос на очекувањата на аналитичарите.

По овие вести, акцијата на „Coca-Cola“ пед почетокот на официјалното отворање на берзата, се намалила за 1,3 проценти, на 46 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП