26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите преземале 15 милијарди долари од хеџ фондовите во првиот квартал

Инвеститорите преземале 15 милијарди долари од хеџ фондовите во првиот квартал

parite 335

Хеџ фондовите поминале низ најлошиот квартал во последниве 7 години, откако инвеститорите преземале над 15 милијарди долари поради високите такси наметнати во целата индустрија.

Вкупната сума која е инвестирана во хеџ фондовите, е намалена до 2,85 илјади милијарди долари во првите три месеци од годинава, што е прв пат од 2009-та година, кога секторот минува низ два последователни квартали на нето одлив, покажуваат податоците на „Hedge Fund Research“.

Акутните пазарни движења нанесуваат удари на голем број компании, што доведува до слабо претставување во првиот квартал на фондовите како „Pershing Square“ на Бил Акман, како и до измачените инвеститори кои веќе се незадоволни од надоместоците од 2% за управување и 20% од профитот. Широкиот индекс за претставувањето на хеџ фондовите предвиде намалување од 0,7% во првиот квартал, покажува „HFR“.

Отпадот од плаќањето на „крајно високи такси“ при слаба возврат, пензискиот систем „New York City Employees ‘Retirement System“ ја намали својата програма за 1,5 милијарди долари, земајќи пари од менаџерите, вклучувајќи ги „Perry Capital“ и „Brevan Howard“. Промената доаѓа околу 18 месеци откако пензиската шема на Калифорнија, исто отстрани хеџ фондовите од портфолиото.

Во исто време државните инвестициски фондови повлекуваат милијарди од менаџерите на средства на глобално ниво, бидејќи го пренасочуваат вниманието кон поддршка на своите западни нафтено зависни економии.

Летиција Џејмс, јавен бранител на пензиската шема на Њујорк, ги нападна менџерите кои „наметнуваат поповолни услови за инвеститорите во преговорите“ поради нивната верба, дека „не можат да згрешат, дури и кога губат пари“.

„Ако тие навистина беа доверени лица и се заинтересирани за нашите членови, никогаш немаше да наплаќаат чланарина за тоа што не успеваат да ги одржат ветувањата“, вели таа. “Нека ги продадат летните куќи и приватните авиони и да ги вратат овие суми, како такси кон инвеститорите“.

Најголемите повлекувања во првиот квартал во секторот доаѓаат од макростратегиите, од кои инвеститорите преземале 7,3 милијарди долари, и фондовите, кои се залагаат на одредени настани, од кои се извадени 8,3 милијарди долари – повеќе од 50% од активистичките стратегии.

Некои пензиски фондови сепак ја засилуваат изложеност на хеџ фондовите. Државната шема на Финска планира да инвестира 500 милиони долари во секторот во оваа година, додека пензиската шема на Илиноис „Illinois State Universities Retirement System“ ќе инвестира за прв пат 500 милиони долари во хеџ фондовите. Американските осигуреници исто влегуваат во секторот, за да ја помогнат генерацијата на поврат.

Многу менаџери кои често ги здружуваат своите пари со оние на инвеститорите, предупредуваат дека американскиот пазар е најлошиот момент за повлекување од хеџ стратегиите.

„Повеќето пазари со голема дисперзија би требало да бидат многу добра средина за хеџ фондовите“, рече Џуди Посникоф, основач и партнер во „Pacific Alternative Asset Management Company“, која инвестира во хеџ фондови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП