16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит финансискиот и енергетскиот сектор ги поттикнаа индексите

На Волстрит финансискиот и енергетскиот сектор ги поттикнаа индексите

volstrit4874

На Волстрит цените на акциите во средата благо пораснаа трет ден по ред, во прв ред благодарејќи на јакнењето на финансискиот и на енергетскиот сектор.

Така, индексот Dow Jones зајакна за 0,24 отсто, на 18.096 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,08 проценти, на 2.102 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,16 отсто, на 4.948 индексни поени.

На вредноста во средата добија акциите во пет од десетте сектори на S&P 500 индексот, при што најмногу, за 0,9 отсто, зајакна финансискиот сектор. Следеше енергетскиот сектор со подем од 9,8 отсто, бидејќи цените на нафтата пораснаа за 2 отсто откако беше објавено дека резервите во САД минатата седмица пораснале помалку отколку што се очекуваше.

Позитивно на пазарите влијаеја и подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на неколку компании. Сепак, имаше и потфрлувања, па така цената на акцијата на „Coca-Colа“ падна за повеќе од 4,5 отсто, бидејќи овој производител на освежителни напивки забележал пад на продажбата четврто тримесечје со ред.

Меѓу најголемите добитници, пак, со скок на цената за повеќе од 9 отсто, беше акцијата на „Lexmark“, бидејќи овој произведувач на принтери се согласил на преземање од страна на група вложувачи предводени од кинеската компанија „Apex Technology“ за 3,6 милијарди долари.

Со вчерашниот раст, S&P 500 индексот се приближи на само 2 отсто од најголемото ниво во историјата, достигнато ланскиот мај. Меѓутоа, се тргува претпазливо, бидејќи ниту економските показатели, ниту деловните резултати од компаниите не се сјајни.

Во фокусот на вложувачите се кварталните деловни извештаи, а аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработките на компаниите од S&P 500 индексот во првото тримесечје во просек паднале за 7,5 отсто, во однос на истиот период минатата 2015 година. Тоа е последица на високиот курс на американскиот долар, падот ан цените на нафтата и забавувањето на растот на глобалната економија.

Меѓутоа, аналитичарите вообичаено процената на заработките и приходите ги поставуваат многу ниско, бидејќи на тој начин им овозможуваат на компаниите полесно да ги надминат очекувањата и прогнозите, па така создаваат простор за раст на цените на нивните акции. Поради тоа цените на акциите последните денови растат, иако деловните резултати воопшто не се импресивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП