1 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше сериското производство на новата Giuliа (фото)

Стартуваше сериското производство на новата Giuliа (фото)

gulu3

Првата „Alfa Romeo Giulia“ од новата генерација слезе од производната лента во фабриката Касино во Италија.

Сериското производство започна во вторник 19-ти април, по уште едно одложување, со оглед дека претходно беше најавено дека првиот примерок ќе биде составен на 14-ти март. Пред тоа, 23-ти февруари, стартуваше производството на претпродукциските возила.

„Alfa Romeo Giulia“ имаше светска премиера уште во јуни 2015-та, а најпрво беше претставена спортската „Quadrifoglio Verde“ (QV) верзија со 3.0 литарски турбо-бензински „V6“ мотор развиен во „Ferrari“. „Giulia QV“ ќе биде достапна во верзиите со 490 ks (360 kW) и 510 ks (375 kW).

На саемот на автомобили во Женева, на почеток на март 2016-та, изложена беше и стандардната верзија. Основната бензинска верзија има 2.0 литарска единца со 200 ks (147 KW). Истиот мотор ќе биде достапен и во опации со 250 ks (184 kW) и 280 ks (206 kW).

Оние кои ќе се одлучат за дизел агрегат, можат да сметаат на 2.2 литарски „JTDM“ мотор. На располагање се три верзии со 150 ks (110 kW), 180 ks (132 kW) и 210 ks (154 kW).

gulu4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП