28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФокусот на инвеститорите насочени кон акцијата на НЛБ Тутунска банка АД Скопје

Фокусот на инвеститорите насочени кон акцијата на НЛБ Тутунска банка АД Скопје

mak berza

Фокусот на инвеститорите денес беше насочен кон акцијата на НЛБ Тутунска банка АД Скопје, која оствари вкупен промет од 2,8 милиони денари со истргувана количина од 380 акции преку 8 трансакции. Цената на акцијата на затворање на денот беше 7.400 денари.

На дневната листа на добитници најголем раст имаше акцијата на Охридска банка АД Скопје со просечна цена од 2.364,93 денари и раст на вредноста од 5,11 проценти.

Наспроти неа, листата на губитници ја предводеше акцијата на Витаминка АД Прилеп со истргувани вкупно 4 акции, и пад од 5,16%. По неа следеа акциите на Алкалоид АД Скопје со истргувана количина од 15 акции и пад од 1,90 проценти и Комерцијална банка АД Скопје со истргувани 300 акции и пад од 1,80 отсто.

МБИ-10 забележа пад од 0,86 отсто и заврши на 1.757,90 индексни поени, а индексот ОМБ после подолго време бележеше минимален раст од 0,50 отсто и заврши на вредност од 128,86 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП