8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на романот „Златко-Златец“ од Велко Неделковски

Промоција на романот „Златко-Златец“ од Велко Неделковски

bibli 33

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на романот „Златко-Златец“ од Велко Неделковски, добитник на наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писатели на Македонија, за најдобра книга за деца и млади за 2015 година.

Промоцијата ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот, во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката. За најновиот роман на Велко Неделковски ќе зборува Весна Мојсова – Чепишевска, а актерската интерпретација е на Томе Витанов.

Велко Неделковски е македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет и сценарист. Напишал и објавил голем број книги за најмладите читатели. Со делата на Неделковски другарувале и растеле бројни генерации читатели, а неговото творештво секогаш било високо вреднувано од критиката.

Романот „Златко-Златец“ е филигрански креиран, сплетен не од срмени, туку од златни раскажувачки нишки, изобилува со многу мајсторски изнијансирани ликови и наликува на возбудлив филм за деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП