26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMMF, Светска банка, UN и OECD во борба против даночното затајување

MMF, Светска банка, UN и OECD во борба против даночното затајување

fond 335

Четирите најголеми светски мултилатерални организации ги здружија силите со цел да им помогнат на земјите во развој да се изборат со проблемите кои ги имаат со затајувањето на даноците, пренесува „Reuters“.

Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Обединетите нации и Организацијата за економска соработка и развој (OECD), најавија заедничка платформа во областа на даночните прашања, првиот чекор за креирање и примена на меѓународните стандарди.

Нивното соопштение доаѓа во моментот кога целиот свет е потресен од аферата „Панамските документи“, преку која во јавноста се појавија 11,5 милиони доверливи документи кои содржат детални информации за 214.000 офшор компании, на чие чело се некои од водечките светски политичари.

„Овие напори доаѓаат во моменти кога има голема динамика во областат на меѓународните даночни прашања. Јакнењето на даночните системи, политиките и администацијата, „испливаа“ како клучни развојни приоритети“, се наведува во заедничкото соопштение на четирите институции.

Првата задача на оваа иницијатива ќе биде на земјите во развој да им се испорачат „алатки“ со цел да им се помогне во борбата против корупцијата.

Буџетските каси на државите во развој, според податоците на ОН, се намалени за повеќе милијарди долари годишно поради т.н. „агресивното даночно планирање“ на мултинационалните компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП