12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкнотата од 20 долари го менува изгледот, а ваква промена не е...

Банкнотата од 20 долари го менува изгледот, а ваква промена не е видена цел век

hariet

Ликот на Харијет Табман, американска активистка за укинување на ропството од 19-тиот век ќе се најде на банкнотата од 20 долари и ќе им се придружи на великаните како Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн и Бенџамин Френклин кои се наоѓаат на американските банкноти.

Ќе биде тоа прв пат лик на една црна жена да се најде на американска банкнота, како и прв пат за последните сто години на американска банкнота да се најде лик на жена.

21currency-web2-popup

Американскиот министер за финансии Џек Лу објави дека портретот на Табман ќе се најде на предната страна на банкнотата, додека на задната страна ќе биде портретот на Ендру Дексон, седмиот американски претседател.

Министерот Лу се откажа од претходната намера да го тргне Александар Хамилтон, првиот министер за финансии на САД од банкотата од 10 долари и да го замени со женски лик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП