30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет чудни факти за милијардерите

Пет чудни факти за милијардерите

milid 00

Она што го знаеме е дека кумулативното богатство на милијардерите во светот изнесува 6.48 илјади милијарди долари. Лидери во рангирањето, според магазинот „Forbes“, се Бил Гејтс со 75 милијарди долари, Амансио Ортега со 67 милијарди долари и Ворен Бафет со 60.8 милијарди долари.

Еве сепак неколку интересни факти кои не ги знаеме за милијардерите. Имајте на ум дека податоците се резултат од истражувањето направено од листата на 100-те најбогати луѓе во светот помеѓу 1996-та и 2015-та година.

Кој знак се милијардерите.

milid 01

Најмногу (12.5% ​​од сите милијардери) се претставниците на знакот Водолија, проследени од Бик (10,3 отсто) и Јарец (10%). Онака кажано – секој трет милијардер во светот е претставник токму на еден од трите наведени знаци. Лавовите и Скорпиите исто така се чести, со соодветно 9.8 и 9.2 проценти, додека Стрелците и Близнаци се со удел од 8.6 и 7.8 проценти. Рак и Вага се најмалку популарни со 5.9 и 6.1 проценти, додека Овен, Девица и Риби се 6.2, 6.7 и 6.8% од сите милијардери.

Бог е милијардер.

Во светот има милијардер, чие име е „God“ (во превод од англиски: Бог). Год Нисанов е 527-миот најбогат човек во светот со богатство од 3,5 милијарди долари. Тој поседува хотели и трговски центри, главно во Русија.

Со какво образование се милијардерите?

Можеби знаете дека основачите на „Facebook“ и „Microsoft“, Марк Цукерберг и Бил Гејтс, не завршиле колеџ. Па, не се единствените. Излезе дека 14% од најбогатите луѓе во светот не завршиле факултет, 52 отсто поседуваат диплома, 27% се со магистратура, а само 7 отсто се со докторат.

Колку деца имаат најбогатите луѓе во светот

Во доста земји во светот семејствата имаат просек 2 деца. Сепак не е таков случајот со милијардерите. Околу 2/3 од нив имаат барем по 3 деца, а 21% се со пет или повеќе наследници. Без деца се само 5% од најбогатите, а со едно дете – 9 отсто.

Двајца од милијардерите не можат да конзумираат алкохол легално во САД

milid 02

Просечната возраст на милијардерите е 67 години. Само 66 од топ богаташите се на возраст под 40 години, што од одреден степен е смирувачко за секој читав и помлад од оваа возраст. Има, меѓутоа, две жени – сестрите од Норвешка Александра и Катерина Андрес кои имаат само 19 и 20 и денес се најмладите милијардери во светот. До 21 година возраст тие нема да имаат право да консумираат алкохол во земји како САД, на пример.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП