18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVW ќе исплати 5.000 долари на секој измамен купувач во САД

VW ќе исплати 5.000 долари на секој измамен купувач во САД

њв-саф

Германскиот автомобилски конгломерат Volkswagen (VW) ќе му исплати 5.000 долари на секој американски измамен купувач, пренесува германскиот дневен весник Die Welt повикувајќи се на договорот со американските власти што го постигнала компанијата, за да го избегне соочувањето на суд поради софтверот кој ги лажирал резултатите за емисијата на штетните гасови на дизел моторите на еколошките тестирања.

Судијата Чарлс Брејер од Сан Франциско, на германската компанија ѝ одредил рок до четвртокот со американските правосудни власти и агенцијата за зачувување на околината да постигне договор, под закана дека спорот ова лето ќе биде проследен пред судот, пишува Die Welt во изданието од четвртокот.

Според весникот, договорот склучен во тајност, сепак, не ги решава сите прашања, но предвидува отштета од 5.000 американски долари, или 4.400 евра, за секој сопственик на некој од 600.000 автомобили, а трошокот за повлекување или корекцијата на автомобилите останува на товар на „Volkswagen“.

Кризата во „Volkswagen “ избувна во септември 2015 година, кога беше откриено дека производителот во 11 милиони дизел возила ширум светот вградил софтвер кој овозможува лажирање на податоците за емисијата на штетните издувни гасови. Тој ја исклучувал контролата за загадување на воздухот во возење и ја вклучувал само на еко тестовите. Кога уредот е исклучен, автомобилот исфрла штетни гасови во количества и до 40 пати поголеми од дозволените, откри американската агенција за заштита на природната околина EPA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП