29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗемјоделците бараат промени во условите за кредит

Земјоделците бараат промени во условите за кредит

poljoprivrednik-traktor

Недоволна информираност, хипотеки на објект или земјоделоско земјиште, нерасчистени имотно-правни односи, нереална проценка на имотот како предмет за давање под залог, долги процедури и сложена документација, се најчестите причини поради кои мал број земјоделци аплицираат за добивање земјоделски кредити.

Како што беше речено на денешната конференција „Kредитирање во земјоделството-состојби и перспективи“, дополнителен проблем е и обезбедувањето жиранти зашто во денешно време на криза тешко некој се нафаќа на ваква услуга.

Земјоделците имаат најголема потреба од кредити за капитални инвестиции, а помалку за репроматеријали.

„ Земјоделците не се одлучуваат на земање кредити и поради многу високите камати кои се движат од 12-15 отсто, краткиот грејс период, проблемите со исплатата на ратите, а сметаат и дека периодот за враќање на заемот е релативно краток“, изјави Андрија Секуловски од ФФРМ.

Според истражувањето на Федерацијата и Центарот за економски анализи (ЦЕА) спроведено на 100 испитаници, земјоделците сметаат дека за нив најповолна каматна стапка би била од 2 до 7 проценти или во просек до 4 отсто.  Сите анкетирани наведуваат дека грејс периодот што го пропишуваат банките е краток и треба да биде подолг особено во сточарството каде треба да изнесува минимум 1 до 2 години, како и во овоштарството каде е најдобро да биде повеќе од 3 години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП