28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ го обвини Google за злоупотреба на доминантната пазарна позиција на оперативниот...

ЕУ го обвини Google за злоупотреба на доминантната пазарна позиција на оперативниот систем Android

google-android

Европската комисија ги прошири во средата обвиненијата на сметка на американскиот софтверски гигант Google и на злоупотреба на доминантната пазарна позиција на оперативниот систем Android, со што според Брисел го кочи иновацијата и ја стеснуваат можност избори за купувачи.

Обвинението на Европската комисија отвора нов фронт во борбата против најпопуларниот интернет пребарувач на светот, којашто покрај другото би можела да биде присилена и на радикални промени во деловните практики, забележува Reuters.

Брисел веќе покрена истрага против Google на основа на сомневањата дека при објавувањето на резултатите при пребарувањето на интернет ги промовира своите услуги за купување на сметка на конкурентските производи.

Во случајот со оперативниот систем Android, влогот е уште поголем, имајќи предвид дека Google на продажба на огласите на телефоните со вграден Android и апликациите како Maps, Search и Gmail само минатата година заработил околу 11 милијарди долари.

„Конкуренцијата во секторот на мобилниот интернет е сé поважна за потрошувачите и компаниите во Европа. Врз основа на нашите досегашни истраги, сметаме дека однесувањето на Google им ја ускратува на потрошувачите можноста за избор од широката лепеза мобилни апликации и услуги и дека ги попречува иновациите кај другите пазарни играчи“, предупреди во соопштение европската комесарка за пазарен натпревар Маргарета Вестагер.

Во соопштението на ЕК се наведува дека мобилниот оперативен система Android на Google е вграден во околу 80 отсто од мобилните уреди со пристап до интернет во Европа.

Google ги прекршил европските прописи за заштита на пазарниот натпревар барајќи од производителите во уредите да ги вградуваат Google Search и Google Chrome и блокирајќи ја продажбата на уреди со вградени конкурентски системи, кои се темелат на отворениот код на Android.

Брисел ја обвинува американската компанија за софтвер и дека финансиски ги поттикнувала производителите и мрежните оператори во уредите да вградуваат исклучиво апликацијата на Google за пребарување на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП