28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија не се наоѓа во ризичните земји од ЕУ

Словенија не се наоѓа во ризичните земји од ЕУ

SIM000002_big_915_big

Поранешниот главен економист на „Дојче банк“, Томас Маер изработи формула, заснована врз искуствата од претходните три години, која, како што тврди тој, може да покаже колку блиску до финансиски колапс се наоѓа секоја од земјите во еврозоната.

Маер за германскиот весник „Велт“ истакна дека Словенија е во многу поволна позиција, а помали ризици им се закануваат само на Германија и Естонија.

Според формулата на Маер, добрата позиција Словенија ја зазема благодарејќи на суфицитот на тековната сметка, ниската задолженост на државата и релативно малиот финансиски сектор (под 150 отсто од бруто домашниот производ).

Поради релативно нискиот јавен долг, Словенија дефинитивно може сама да ги реши проблемите во банкарскиот систем, но берзите поради ситуациите во Ирска, Шпанија и Кипар, се сомневаат во тоа.

Во меѓувреме, Организцијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја предупреди Словенија дека решавањето на сериозната банкарска криза треба да биде главен приоритет на Владата во Љубљана.

„ Заздравувањето на банкарскиот сектор е главен приоритет. Словенија се соочува со долготрајна криза и ограничени пристапи до финансиските пазари. Потребни се дополнителни и големи реформи во што пократок период со цел да се избегнат застрашувачки последици, наведува ОЕЦД.

Организацијата наведува дека е потребно да се докапитализираат банките кои можат да се спасат, а неодржливите да згаснат, повикувајќи ја Словенија да ги приватизира државните банки.

Маер состави листа на која земјите се рангирани според веројатноста дека ќе потклекнат под притисокот на должничката криза, што пред се зависи од нивната зависност од странски капитал за финансирање на приватните инвестиции и на јавниот долг од нивото на буџетскиот дефицит и државниот долг, како и од големината на финансискиот сектор.

Според очекуваното, на врвот на листата се наоѓа Кипар, а потоа следуваат Ирска, Португалија, Шпанија и Грција, земји кои веќе имаат побарано меѓународна финансиска помош.

Најмалку подложни на ризици се Естонија, Германија, Словенија, Словачка, Финска, Холандија и Луксембург.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП