7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија бара Португалија сама да си ги среди проблемите

Германија бара Португалија сама да си ги среди проблемите

reichstag_berlin_01_reic

Официјален Берлин побара од португалиските политичари сами да си ги средат состојбите во државата, а посебно во економскиот сектор.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ги предупреди Португалците дека треба „да си ги средат работите во својата куќа“.

Ваквата реакција на Германија доаѓа по решението на Уставниот суд на Португалија со кое како противуставни беа отфрлени острите мерки за натамошно кратење на буџетското трошење и за остра финансиска политика, кои ги бараат кредиторите од ЕУ и ММФ, за да се избегне банкрот на земјата.

Одлуката на португалскиот Уставен суд и неприфакањето на економско-финансиските мерки на Владата за надминување на продолжената криза во земјата, може да покрене ново бранување во целата зона на единствената валута и нова криза на еврото.

Германија бара не само од Португалија туку и од другите земји кои ги превземаат обврските за драстично намалување на јавната потрошувачка со парите кои им се доделеуваат за покривање на нивната неликвидност, да се придржуваат на обврските кои веќе ги имаат преземено.

Португалската Влада најави нови мерки, оправдувајки се дека без пари од надвор не може да се излезе од кризата и да се стабилизира домашниот финансиски систем.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП