3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСигурен знак дека економијата на САД зајакнува

Сигурен знак дека економијата на САД зајакнува

sad-stanbeni-rast

Изградбата на станбени единици во САД е намалена во март на петмесечен минимум, но и понатака е значително над минатогодишното ниво.

Тоа го сигнализира продолжувањето на зајакнувањето на американската економија, покажаа податоците на Министерството за трговија.

Бројот на започнати градежни станбени објекти во март се намалил за 8,8 проценти на годишно ниво, на 1,08 милиони единици во однос на февруарскиот показател, кој е ревидиран нагоре на 1,19 милиони единици, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Франс прес.

Сепак, мартовското ниво на започната изградба на станови и куќи е повисоко за околу 14 проценти во однос на периодот пред една година, што претставува дополнителен доказ дека станбениот пазар останува светла точка на умерено растечката американска економија.

Во март, според соопштението, е евидентиран пад на почетокот на изградбата на семејни куќи, кои во вкупната изградба на станбени единици учествува со повеќе од две третини, така и зградите со повеќе станбени единици, и тоа во сите региони на САД освен во североистокот на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП